Гитарата на Курт Кобејн продадена на аукција за неверојатни 1,5 милиони долари

од Vladimir Zorba

Гитарата на пејачот на Нирвана, Курт Кобејн, продадена на аукција во петокот во САД за повеќе од 1,5 милиони долари

Култната електрична гитара „Skystang I“ Fender Mustang, на која Кобејн свиреше за време на неговата последна турнеја, е продадена за нешто повеќе од 1,58 милиони долари (1,45 милиони евра) на аукција во Нешвил, Тенеси.

Искинатите фармерки кои Кобејн ги носеше во спотот за песната „Heart-Shaped Box“ и на доделувањето на MTV Video Music Awards чинат повеќе од 400 илјади долари. Панталоните биле проценети меѓу 10.000 и 20.000 долари.

Аукцијата беше дел од тридневната аукција „Играни, носени и искинати: рокенрол култни гитари и сувенири“, на која беа прикажани повеќе од илјада предмети од музичките великани како Кобејн, Ерик Клептон, Елвис Присли, Принс, Битлси и Френк Запа.

Слични содржини