Годините за неа се само бројка: Поради ова Џенифер Анистон изгледа како да има 20 години

Џенифер Анистон е една од најуспешните актерки во Холивуд која заработива милиони, но она што многу жени и завидуваат е нејзиниот соврше изглед. Иако наполни 50 години, таа и понатаму може да застане рамо до рамо со многу млади девојки.

 

Староста нема моќ во нејзиниот случај. Таа денес изгелда подобро отколку кога имаше 20 години, а и самата признава дека се чувствува подобро. Посебен режим на исхрана, вежбање и начин на живот е комбинацијата за одлични резултати.

– Во овие години се чувствувате многу подобро и психички и физички. до сега научив што му годи на моето тело. Точно знам што му треба за да изгледа одлично, но и да биде полно со енергија. Би сакала да ги усвоев овие навики многу порано – рекла Џенифер.

Тајната на нејзиниот изглед ја откри нејзиниот личен тренер кој вели дека на неа се гледаат резултатите бидејќи се што прави го прави со полна сила и додека не ја заврши започнатата работа не застанува, што не изнендува бидејќи е толку успешна на сите полиња.

Еве кои навики никогаш не ги прескокнува:

Појадокот е задолжителен

Здравиот начин на живот вклучува појадок. Ова е најважниот оброк бидејќи го покренува метаболизмот и затоа е важно да не се прескокнува. Појадокот ја дава потребната енергија за целиот ден.

Омилениот избор и се авокадо и тост, јајца и малку сирење или овесна каша со свежо овошје. Ваквиот доручек ќе обезбеди доволна количина енергија за целиот ден.

„Дури и кога се брзам не го прескокнувам овој оброк. Порано ја немав оваа рутина. Кога појадокот стана обврска за мене резултатите станаа видливи.“

Салата со секој оброк

Тајната за тоа како да не се прејаде за врмее на ручекот или вечерата е тоа да со секој оброк изедете свежа салата. Секој зеленчук е одличен избор, бидејќи освен витамините и минералите, ќе ви го наполни желудникот и нема да се прејадете.

„Кога започав да го користам овој трик, за еден месец изгубив неколку килограми“.

Јога и теретана како извор на енергија и добро расположение

Напорната работа се гледа на нејзиното тело. Таа е редобна на тренинзите и во теретаната дава се од себе. Ужива во кардио тренинзите, но и во опуштачката јога на која оди минимум три пати неделно.

„Кога ќе влезете во рутина, вежбањето станува забава и уживање“.

Маска за лице како клуч за младоликоста

Бидејќи се грижи за телото, време е за нега на кожата. Нејзината тајна е во редовното одење на козметичар и правилната него.

„Никогаш не си легнувам без да ја отсстранам шминката. Мислам дека тоа е ногу важно. Лицето го негувам со хранливи креми. Заблуда е дека тие мора да бидат скапи, напротив.

Она во што особено ужива се маските за лице.

„Си првам чај, ставам маска за лице и уживам 20-тина минути секоја недела“.

Слични содржини