Ѓоковиќ се расплака по поразот на „Адрија Тур“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, го совлада Александар Зверев во 3-то коло на „Адрија Тур“, но тоа не беше доволно за него да се пласира во финалето! Таму ќе игра неговиот сонародник, Филип Крајновиќ, на кого му одговараше овој триумф на Новак во 2:1 во сетови.

– Важно е дека некој од нашите се пласираше во финалето. Посебно емотивно беше последниве неколку дена, би сакал да им се заблагодарам на сите што го поддржаа овој настан – рече Ѓоковиќ, а потоа почна да плаче на теренот.

– Не плачам толку заради поразот и фактот дека не успеав да стигнам до финалето. Не знам … Тотален наплив на емоции и се потсетив на детството. Ве сакам сите, многу ви благодарам – додаде Новак, додека публиката го извикуваше неговото име.

Слични содржини