Google ја тестира социјалната мрежа Shoelace за офлајн средби

од Vlatko K

Google се чини дека не може да се воздржи да создаде нова социјална мрежа, дури и откако го
затвори проектот Google+ за обични корисници. Екипата на „Area 120” развива социјална мрежа
наречена Shoelace која им помага на луѓето да се соберат во реалниот живот, пренесе „Гизмодо“.


Како функционира новата мрежа? Вие избирате интереси и креаторите ви помагаат да се поврзете
со луѓе од ист интерес за да учествувате заедно во различни активности. Ако сте нови во градот, на
пример, можете да најдете ентузијасти за трчање во парк или да разговарате до некој во локалната

библиотека.

Важно е дека можете да споделувате активности со други луѓе, без разлика дали имаат Shoelace.

Во овој случај, не мора да креирате Facebook настан за да најдете луѓе со исти интереси.

Во моментов, сепак, не може секој да ја корист Shoelace. Пристапот до мрежата е само преку
покана и за луѓето кои живеат во Њујорк. Дали мрежата ќе стане јавна, зависи од нејзиното
претставување во тестовите.

Ако ништо друго, ова е релативно нова идеја за социјална мрежа. Google очигледно се обидува да
не „спаси“ од дремењетопред телефоните со проектот Shoelace.

Слични содржини