Ѓорчев: Tреба да се сменат точките со кои не се согласуваме од Договорот со Бугарија

од Берта Китинска

Сосема е јасно дека ние треба да воведеме еден регистар и да бележиме колку пати е поттикната со таков говор напади врз македонската државност, нација и историски личности, забележано со датум и приложено до Советот на Европа од нашата дипломатска мисија таму, изјави поранешниот амбасадор во Република Бугарија, Марјан Ѓорчев во вечерашното гостување во Централниот дневник на Телевизија Сител во „Тема на денот“.

Тој додаде дека треба еднаш да почнеме офанзивно да дејствуваме, бидејќи до сега ние дипломатски не реагиравме во Советот на Европа во Стразбур каде што ние имаме мисија таму.

– Ако ние имаме национално единство, политичко единство во Парламентот тогаш ние нема од што да се плашиме за да им кажеме на нашите пријатели, колеги од Република Бугарија, дека од тука натака имаме сосема друг пристап кои е истоветен со вашиот рамноправен и симетричен. По точката за заедничка историја, асиметријата по националните малцинства и по ред други прашања кои се наведени во тој договор. Мора да се понуди од македонска страна за тие точки ајде да направиме анекс кон договорот или репрограмирање – кажа Ѓорчев.

Слични содржини