Горештини до среда, од четврток значително освежување

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, извести УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. УВ индексот ќе биде 9.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 40 степени Целзиусови.

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер.

Температурата ќе стигне до 38 степени Целзиусови.

УХМР најавува дека потопло време ќе има утре и во среда додека од четврток, пак, се очекува значителна промена. Како што извеестуваат тогаш ветерот ќе се промени во северен правец, а дневната температура ќе се намали за десетина степени.

Слични содржини