ГОРИ КАВКАЗ, МИРОТ НИТУ БЛИЗУ, Ерменија: Уништен азербејџански тежок ракетен лансер TOS-1A! (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Вооружените сили на Нагорно Карабах го уништија системот на тешки ракетни лансери од типот ТОС-1А на азербејџанските вооружени сили, кои носат запаливи аеросолни боеви глави, објави денеска претставникот на ерменското Министерство за одбрана, Шушана Степанијан.

„Тешки борби сè уште траат и локалните единици на Нагорно Карабах возвраќаат на позициите на напаѓачите. Голем број непријателски војници се ликвидирани и уништено оружје, вклучувајќи го и системот на тешки ракетни фрлачи ТОС-1А на азербејџанските вооружени сили кои носат запаливи аеросолни боеви глави”, рече Степанијанова, објави ТАСС.

 

Слични содржини