Градоначалникот на Охрид: Чаре има секогаш, но никогаш не се доаѓа од денес до утре

од Берта Китинска

Охрид и регионот е специфичен, имаме проблеми со менаџирање со отпадот, под лупа сме на меѓународните институции, со уредување на плажите, со нелегална градба. Чаре има секогаш, но никогаш не се доаѓа од денес до утре,вели Костадин Георгиевски, градоначалник на Охрид во Студио 10 на ТВ24.

Тој вели дека потребен е план кој добр ќе се разработи со цел да се исполнат поставените барања од УНЕСКО.

– Треба и поддршка од институциите во државата, Владата несебично го поддржува Охрид. Треба да има функционирање на правна држава, целокупна функционалност. Истите забелешки од УНЕСКО се провејуваат, во добар дел од нив изминатите декади не е постапувано. Во јануари 2020 има извонреден напредок, но градот живее и се раѓаат нови проблеми. Во сите извештаи на УНЕСКО од 2016 наваму стои дека регионот ги исполнува условите да биде ставен во опасност. Ќе мора позасилено да ги имплементираме препораките“, вели Георгиевски.

Тој додава дека граѓаните треба да сфатат дека од Охрид  е едена од најстарите населби во Европа не може да се направи Ибица.

-Луѓето треба да сфатат дека го имаме најстарото езеро во Европа, не може да се поставуваат платформи и да се прават журки во три сабајле, Охрид не е Ибица.Ја градот го гледам во насока на развој како Дубровник, вели градоначалникот на Охрид.

Слични содржини