Граѓански собир пред Кривичен во пресрет на пресудата за Тенк

од desk2

Протест пред барокната зграда на Кривичниот суд во Скопје во пресрет на денешното рочиште за случајот Тенк.

Денеска треба да биде изречена пресуда за овој предмет во кој е обвибетиот поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, но и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски кому вчера во предметот Триста му беше изречена деветгодишна затворска казна. Постапката за екс министерката Гордана Јанкулоска во случајот Тенк е раздвоена поради ризична бременост.

Груевски претпладнево пристигна во Судот, за новото рочиште во случајот Траекторија каде исто така е обвинет./Канал77

Слични содржини