Груби: Правилна е одлуката Мерко повторно да биде кандидат за градоначалник на Струга

од Берта Китинска

Правилна е одлуката Рамиз Мерко повторно да биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Струга.Таа е донесена по големи неколкумесечни истражувања кои ги направивме во рамки на ДУИ, смета  првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби.

-Направивме посебни анкети во сите градови, и тоа по 1.000 луѓе анкетирани во секој од овие градови. И ни покажуваат дека имињата кои ги претставивме вчера всушност се најподдржани од сите граѓани. Но, не само од една заедница, туку од сите заедници, вклучително и со примерот на Мерко, рече Груби, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Државниот архив.

Сметаме дека со овие кандидати, како што нагласи, ќе бидеме апсолутни победници на локалните избори на 17 октомври оваа година.

Слични содржини