Груби: Веќе се употребува албанскиот јазик на полициските униформи

од Nikola Popovski

Уште една успешно завршена мисија, како што ветивме, објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби за новите двојазични полициски униформи, но и двојазични симболи на полициските возила.

Тој информира дека веќе се спроведуваат во пракса измените на Уредбата за употреба на албанскиот јазик во полициските униформи и нивните симболи кои ги усвоивме претходно на владина седница.

Оваа Уредба е донесена врз основа на Законот за употреба на јазиците, каде што според член 8 став (3) е утврдено дека униформите на полицијата во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија и неговото писмо.

Слични содржини