Груби за одложувањето на дебатата за пописот: Не обезбедивме претставник од ЕУ за Извештајот на ЕК

од Vladimir Zorba

Причина за одложувањето на  денешната седница на Комисијата за европски прашања е тоа што Комисијата не успеала да обезбеди претставник од Мисијата на ЕУ, ниту пак да поканат претставници на дипломатскиот кор и други гости, имајќи предвид дека покрај  Предлог-законот за попис, на дневен ред е и Извештајот на ЕК, посочува за МИА претседателот на ова собраниско тело Артан Груби.

– Комисијата ја закажавме во петокот попладне, но на дневен ред е и Извештајот на ЕК, па поради краткиот период за подготовка, затоа што за жал времето за подготовка беше многу кусо и за време на викенд, не успеавме да осигураме претставник од Мисијата на ЕУ, ниту да го поканиме дипломатскиот кор, невладините и други гости, наведува Груби без да наведе за кога е одложена седницата на Комисијата.

На собраниската веб-страница нема нов датум за одржување на седницата на Комисијата.

Пратеници од СДСМ велат дека синоќа Комисијата на седницата била одложена од страна на претседателот Груби без образложение.

Слични содржини