Гутереш: Сексуалното насилство од страна на Хамас мора да се истражи

од Radmila Tasevska

Сексуалното насилство за време на минатомесечните напади на Хамас мора енергично да се истражи и кривично да се гони, истакна денеска пред Советот за безбедност на ОН, генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш.

Тој информира дека имало бројни извештаи за сексуално насилство за време на „одвратните акти на терор од страна на Хамас на 7 октомври“ во кои беа повредени илјадници, убиени повеќе од 1.200 луѓе и киднапирани околу 240 луѓе.

Говорејќи за преостанатите заложници кои се држат во Газа, Гутереш рече дека сите тие „мора веднаш и безусловно да бидат ослободени“.

– Дотогаш, со нив мора да се постапува хумано и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст мора да му се дозволи да ги посети, истакна шефот на ОН.

Слични содржини