Хамас објави вознемирувачко видео: ИДФ е виновен за смртта на Ноа Марсијано

од Stefanija Kuzmanovska

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го потврдија идентитетот на 19-годишната девојка, припадничка на израелската армија, која Хамас ја држеше како заложник, по видеото кое го објави Хамас.

„Нашето срце е со семејството Марсијано, чија ќерка Ноа беше брутално киднапирана од терористичката организација Хамас“, соопшти војската веднаш по полноќ.

Синоќа Хамас објави видео од девојката како чита порака на хебрејски во која се претставува со своето име и матичен број и вели дека четири дена е заробена во Газа.

Видеото потоа било прекинато, за подоцна да биде прикажано телото на младата жена.

Бригадите Ал-Касам соопштија дека Марсијано била убиена во израелски воздушен напад на 9 ноември.

Слични содржини