Хаос во Русија: Напади со дронови, експлозии, луѓе бегаат од домовите (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Гувернерот на руската област Белгород утринава изјави дека во тој регион е во тек „антитерористичка операција“, како и дека министерството за одбрана и безбедносните служби се уште ја „чистат“ територијата на границата со Украина. Во текот на ноќта имаше напади со беспилотни летала, за кои постои сомневање дека се руски партизани кои се против Кремљ.

„Апелирам до граѓаните на областа Грејворон, кои привремено ги напуштија своите домови: враќањето сè уште не е можно“, додаде тој. Гладков рече дека една жена била убиена за време на евакуацијата во понеделникот, а две лица наводно биле ранети, но руските сили не можеле да стигнат до нив.

Гувернерот објави дека Белгород во текот на ноќта бил нападнат со беспилотни летала. Во серијата објави на Телеграм доцна вчера и рано утринава, Гладков рече дека две куќи биле погодени со беспилотни летала во градот Гриворон – местото на претходниот напад за кој одговорноста ја преземаа проукраински руски доброволци.

„Куќите се запалија откако експлозивните направи беа фрлени од беспилотно летало“, рече Гладков.

Тој додаде дека во два одвоени напада од дронови биле фрлени експлозивни направи врз управната зграда и куќа во селото Борисовка. Тој рече дека нема пријавени жртви во ниту еден инцидент со дронови.

Засега никој не ја презеде одговорноста за наводните напади со беспилотни летала.

Претходно вчера Гладков изјави дека повеќето жители на Грејворон биле евакуирани од градот, откако осум лица биле повредени во напад на „диверзантска група“ поврзана со украинската војска.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека претседателот Владимир Путин бил информиран и дека се работи на протерување на „саботерите“, пренесе државната новинска агенција РИА Новости.

Руските власти итно го евакуираа складиштето за нуклеарна муниција Белгород-22 во регионот Белгород, кој граничи со Украина, тврди Андриј Јусов, портпарол на Главната управа за разузнавачки работи на украинското министерство за одбрана.

Руските сили се судрија со партизаните на најмалку три локации во Белгород, соопшти британското министерство за одбрана.

Слични содржини