Хаос во судница на Флорида: Педофил го нокаутира својот адвокат (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Судијата Роберт Банинг го осуди Џозеф Цилер за убиство и силување на 11-годишната Робин Корнел и нејзината дадилка Лиза Стори (32) во Кејп Корал во 1990 година.

На Цилер му беа изречени две смртни казни, за секоја од жртвите, по што настана хаос во судницата, пишува Fox4now.

Семејствата на жртвите рекоа дека нивните животи не се исти откако се случиле страшните убиства.

Џен Корнел, мајката на Робин, вели дека мора да се бори за правда за нејзината ќерка и пријателка многу години по грозоморното злосторство. Имено, напредокот во науката за ДНК доведе до идентификација на убиецот 26 години по убиствата и силувањата.

Во понеделникот, 33 години подоцна, по долгогодишна болка, страдање и составување делови од приказната за да се открие што се случило тоа утро во 90-тите, човекот одговорен за двојното убиство конечно беше казнет.

„Судот заклучува дека според законите на државата Флорида, обвинетиот го изгуби правото на живот“, изјави судијата Роберт Бранинг при објавувањето на пресудата.

Адвокатот Кевин Ширли најави дека Цилер ќе поднесе жалба.

Пред изрекувањето на пресудата, Цилер се врати на судот со надеж дека ќе го прифати неговото барање за ново судење. Судијата го одби барањето и одлучи да не ја поништи пресудата на Цилер.

Хаосот настана откако тој со лакт го удри адвокатот во лицето. Неколку секунди по влегувањето во судницата разговарал со својот адвокат. Кога Ширли се наведна над него, Цилер го удри со лакт во лицето. Веднаш по инцидентот чуварите го собориле.

„Изгледаше дека не сакаше микрофоните да го снимаат нашиот разговор, поради што мавташе со лактот, а јас се наведнав и го примив ударот. Чуварите веднаш реагираа и ја елиминираа заканата“, изјави адвокатот.

Слични содржини