Хеликоптер на МВР исфрли над 10 тони вода врз пожарот кај Белица

од Vladimir Zorba

Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар близина на село Белица, општина Македонски Брод, упати хеликоптер од типот Бел 412.

– Полицискиот хеликоптер Бел  412, во координирано постапување со противпожарните единици, дејствуваше на многу висок и непристапен терен, каде беше опожарена борова и нискостеблеста шума, при што исфрли над 10 тона вода и помогна во локализирање на еден крак од пожарот, соопшти МВР.

Слични содржини