Херсон на удар на руски ракети: Теророт траел половина час, градот без струја и вода

од Nikola Popovski

Русија изврши воздушни напади врз Херсон, а цел беше областа во близина на критичниот инфраструктурен објект, соопштил денеска началникот на тамошната градска управа, Роман Мрочко.

Тој информирал дека руските сили извршиле воздушни напади со авиони СУ-34 во период од 30 минути, во зоната на критичниот инфраструктурен објект во Херсон, пренесува агенцијата „Униан“.

Претходно градските власти соопштија дека во Керсон имало силна експлозија, поради што некои делови од градот се без струја и вода.

Слични содржини