Хилари Клинтон: Никој не го сака Берни

од Aleksandar Petrovski

Поранешната државна секретарка и екс демократска кандидатка за претседател Хилари Клинтон, во нов документарен филм за нејзината кариера и контраверзните избори во 2016 година, изјави дека „никој не го сака“ Берни Сандерс, сегашен тркач за номинација претседателски кандидат од Демократската партија.

Во филмот „Хилари“, кој неделава ќе биде премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“, Клинтон за Сандерс вели дека иако е со години во Сенатот тој има поддршка само од еден сенатор и дека никој не го сака.

-Никој не работи со него, ништо нема завршено. Тој е политичар кариерист, се е надуено, жал ми е за луѓето што станаа занесени од него, вели Клинтон.

За изданието „Холивуд рипортер“, таа потврди дека се уште го мисли истото за него. Прашана ако тој ја добие номинацијата дали ќе ја поддржи неговата кампања, Клинтон изјави деке „се уште е рано да се зборува за тоа“.

Изјавата на Клинтон, која во демократските избори (прајмерис) во 2016 година се бореше против Сандерс, ја доби трката и на изборите стана противкандидат на Доналд Трамп, доаѓа во време кога се консолидираат силите на преостанатите најпопуларни кандидати, пред почетокот на овогодишните прајмерис, кои за две недели се отвараат во Ајова.

Сандерс, чија кампања е заснована на борба против естабилишментот, е еден од фаворитите и се чини не е омилен, како во некои кругови на партијата поради неговата леви прогресивни политики и повик за „политичка револуција“, така и кај главните национални медиуми во САД како „Вашингтон пост“ или „Си-ен-ен“ кои евидентно, малку известуваат од неговата кампања.

Весникот „Њујок тајмс“ на пример, вчера за претседателски кандидати ги поддржа сенаторките Ејми Клобучер и Елизабет Ворен.

Слични содржини