ХИТ ВИДЕО: Фанови го дезнфицираа стадионот по посета на политичари

од Stefanija Kuzmanovska

Фановите на Рајо Ваљекано неодамна започнаа невидена работна акција – дезинфекција на стадионот.

Тие не го сторија тоа туку така, но за да покажат дека не биле задоволни од доаѓањето на двајца политичари на нивниот натпревар со Албасете.

Станува збор за двајца добро познати политичари од десничарската партија „Вокс“, трети најсилни на територијата на Шпанија.

На симпатизерите на шпанската втора лига тоа воопшто не им се допадна, а по крајот на мечот, кога сите се разделија, тие презедоа акција.

Во скафандери, вооружени со четки и кофи, тие отидоа да го дезинфицираат стадионот, сакајќи да покажат дека политичарите немаат место во спортот.

Погледнете како сето тоа изгледаше:

Слични содржини