Хоти: Приштина е во дијалогот со Белград само поради меѓусебно признавање

од Vladimir Zorba

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, вели дека нема алтернатива на дијалогот со Белград, но тој посочува дека Приштина влегува во овој процес само заради меѓусебно признавање и целосна нормализација на односите, рече Хоти, цитиран од „Косово онлајн“.

Хоти го рекол тоа по видео-самитот со официјалните претставници на ЕУ и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и потврдил дека е постигнат договор во принцип дека следниот состанок ќе биде во Брисел во четврток.

Тој исто така рече дека агендата за таа средба во Брисел е поставена денес, со која, како што тврди, се согласиле и Белград и Приштина.

Хоти исто така тврди дека темите на денешната средба во Брисел биле воените репарации, враќање на катастарските документи, регулирање на економските односи и други прашања.

Косовскиот премиер истакна дека на видео конференцијата не присуствувал претседателот на земјата, Хашим Тачи.

Слични содржини