Хоти: Самоопределување нема доволно гласови за соборување на владата

од Vladimir Zorba

Самоопределување нема доволно гласови за да успее да ја собори владата, рече косовскиот премиер Авдалах Хоти, по повод објавувањето на најголемата опозициска партија во Косово дека ќе покрене иницијатива за гласање недоверба во неговата влада.

„Владата никогаш не била соборена од опозицијата. Се распаѓа одвнатре. Опозицијата нема гласови. Треба да одговориме на многу прашања во рамките на коалицијата. Ние работиме на внатрешни договори. Нашиот фокус е борбата против пандемијата и економското закрепнување“, рече Хоти во гостувањето на телевизијата Т7, пренесува КоСсев.

Хоти исто така рече дека владејачката коалиција „функционира нормално“, но и дека „има многу теми за кои треба да се разговара во рамките на коалицијата“.

Потребно е едноставно мнозинство од сите членови на косовското собрание, односно 61 глас, за да гласаат недоверба во владата.

Слични содржини