Храна која не дебелее, а со која никогаш нема да бидете гладни

од Elena Daskalova

Веќе многупати сте читале дека потребно е да се внесува храна богата со растителни влакна, но дали сте знаеле дека тие можат да бидат растворливи и нерастворливи?

Растворливите се раствораат во течностите во дигестивниот систем и формираат желатинеста маса. Тие ја намалуваат апсорпцијата на масти и помагаат во регулирање на телесната тежина. Со самото тоа што го зголемуваат волуменот, тие даваат чувство на ситост, што резултира со помал внес на друга храна.

Намирници кои се најбогати со растворливи влакна се грашокот, бораниката, овесот, јаболката и цитрусните овошја.

Нерастворливите пак, поминуваат речиси недопрени додека минат низ дигестивниот систем. Нив телото не може да ги апсорбира, но со своите својства помагаат во прочистување на цревата од цревен талог.

Тука спаѓаат чија семињата, ленот, бадемите, темното чоколадо, овесната каша, леќата, малините, авокадото, цвеклото, брокулата, морковот, бананите и боранијата.

Намирниците богати со растителни влакна мора да бидат дел од вашето неделно мени, по можност и секојдневно, во разумни количини.

Слични содржини