Хутите донесоа одлука: На овие бродови им е забранет влез во Црвеното Море

од Stefanija Kuzmanovska

Центарот за координација на хуманитарните операции, кој е под контрола на јеменските милитанти Хути, денеска објави дека на бродовите кои се целосно или делумно во сопственост на израелски поединци или ентитети и на бродови под израелско знаме им е забранет влезот во Црвеното Море, Аденскиот Залив и Арапското Море.

Во документот до кој „Ројтерс“ имал увид се вели дека огласот е испратен до осигурителни компании и други компании кои работат во регионот.

Покрај израелските бродови, забранет е влез и на бродови во сопственост на американски или британски поединци и ентитети, како и на бродови под нивните знамиња.

Слични содржини