Игор Коруноски е нов директор на „МЖ-Транспорт“

од desk2

Директорот за влеча и одржување на влечни средства, Игор Коруноски е новиот директор на „Македонски железници-Транспорт“. Владата го назначи на местото на Никола Костов кој пред неколку дена си поднесе оставка.

Состојбата во железничкиот сообраќај се уште не е решена, па така патничките и товарните возови веќе една недела не сообраќаат поради штрајкот на вработените кои си ги бараат заостанатите плати.

Владата обезбеди 70 милиони денари за „МЖ Транспорт“, но според претставниците на синдикатот, тие не се доволни за исплата на заостанатите плати.

Затоа како што велат, размислуваат за радикализација на штрајкот и да продолжат да штрајкуваат низ улиците и пред зградата на Владата./Мета

loading...

Слични содржини