Илон Маск најави нови промени на платформата „Х“

од Nikola Popovski

Илон Маск најави нови промени на платформата X кои ќе им овозможат на одредени профили да отклучуваат бесплатни премиум функции.

– Во иднина, сите X профили со над 2.500 проверени следбеници ќе добиваат премиум функции бесплатно, а профилите со над 5.000 ќе добиваат премиум+ бесплатно, соопштил Маск, пренесува „Time“.

Претходно, премиум функциите на „Х“ ги чинеа корисниците осум долари месечно и вклучуваа можност за споделување подолги постови и прикачување видеа, добивање поголем приоритет и гледање помалку реклами.

Корисниците на премиум+ ги добиваат сите функции, но без реклами, како и пристап до генеративниот четбот „Grok“, кој функционира по пат на вештачка интелигенција.

Маск го купи поранешен Твитер за 44 милијарди долари во април 2022 година.

Слични содржини