Интегрални плочки со семки

од Stefanija Kuzmanovska

Крцкави и здрави плочки со семки.

Состојки:

– 250 гр интегрално брашно

– 250 гр бело брашно

– 2 dl масло

– 2 dl бело вино

– 2 лажички сол

– прашок за пециво

– по 50 гр семки од лен, сусам, сончоглед и тиква

Подготовка:

Измешајте брашно, сол и прашок за пециво, па додајте вино и масло. Замесете тесто.

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Семките се печат во сува тава неколку минути. Во тестото додадете ги печените семки.

Тестото префрлете го на работната површина и распоредете го со сукало. Исечете ги плочките така што ќе имаат форма на правоаголник.

Ставете ги во рерна и печете ги околу 25 минути.

Слични содржини