Интер и Милан под истрага за финансиска измама

од Vladimir Zorba

Обвинителството во Милано отвори истрагата за финансиска измама против претседателот на Интер, Ерик Тохир и поранешниот генерален менаџер на Милан, Адријано Галијани, пишува „Газета Дело Спорт“.

Сомнежите се поврзани со трансферите на играчите во сезоната 2013-17. Се претпоставува дека исплатените суми се вештачки надуени со цел да се доведат во ред билансите на клубовите.

Слична истрага беше спроведена против Милан и пред 10 години. Тогаш се посомневаа во врска со финансиските документи за 2003-04 година, но раководството на „росонерите“ беше ослободено од обвиненијата.

Слични содржини