Иранските новинарки кои ја објавија информацијата за случајот со Махса Амини обвинети за заговор

од Stefanija Kuzmanovska

Иранските правосудни власти денеска соопштија дека две ирански новинарки, кои се во затвор повеќе од еден месец, се обвинети за пропаганда против Иран.

Станува збор за новинарката Елахех Мохамади од весникот „Сазандеги“ и фоторепортерката Нилуфар Хамеди од весникот „Шарг“ кои придонесоа за откривање на случајот со Махса Амини.

Амини почина три дена откако беше уапсена од полицијата за морал во Техеран поради прекршување на строгите правила за облекување и неносење марама во јавност.

„Нилуфар Хамеди и Елахех Мохамади се во притвор поради пропаганда против системот и заговор против националната безбедност“, изјави портпаролот на министерството за правда на прес-конференција во Техеран.

Слични содржини