Искршила стакло на објект на бугарски центар во Битола, сомнеж за нетрпеливост кон Бугарите

од Nikola Popovski

Во текот на вчерашниот ден беше пријавено било искршено стакло на објект што го користи секретарот на бугарскиот Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Од Центарот соопштија дека случајот бил пријавен до надлежните органи во СВР Битола.

-Се надеваме сторителите да бидат откриени и санкционирани во најбрз можен рок. Паралелно случајот е пријавен во Генералното консулство на Република Бугарија во Битола. Од ново се наложува да си поставиме прашање дали е тоа само вандалски и криминален акт или станува збор и за нешто друго!, прашуваа од Центарот, наводно мислејќи дека станува збор за нетрпеливост кон Бугарите во земјава.

Денес од МВР соопштија дека вандализмот го направила поранешната сопруга на секретарот.

-На 07.02.2022 во СВР Битола, Б.Ш.(44) од с.Брусник, битолско, пријавил дека со тврд предмет било извршено оштетување на стакло од влезна врата на времен објект (киоск), кој го користел за продажба на свеќи и цвеќиња, лоциран на пат за црквата „Света Недела“ во Битола.

Полициски службеници презеле мерки и било утврдено дека сторител е неговата поранешна сопруга, која во службен разговор со полициски службеници во Полициската станица Битола го признала делото и појаснила дека го сторила поради нивни меѓусебни недоразбирања.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена пријава по член 243 од Кривичниот законик, информираа од полицијата

Слични содржини