Истражување: Која членка на НАТО е „најруска“, се споменува и С. Македонија

од Nikola Popovski

Србија има најголема доверба во Русија, додека Црна Гора е најпроруска земја од сите членки на НАТО, покажа неодамнешното истражување на институтот „Глобсек“ од Братислава, спроведено во девет земји од Источна и Југоисточна Европа и Западен Балкан.

Истражувањето е објавено под наслов „Слика на Русија: Силен словенски брат или гладна мечка пред врата?“ и ја вклучува Македонија, како и Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Чешка, Словачка и Полска.

Авторот на студијата, Даниел Мило, го истражувал влијанието на Русија во споменатите земји и дошол до заклучок дека мнозинството граѓани и на Србија и на Црна Гора веруваат дека Русија е братска земја, па затоа ја прифаќаат реториката што ја претставува Русија како жртва.

Извештајот оценува дека постои и посткомунистичка носталгија мотивирана од мислењето дека животот бил подобар пред 1989 година, по што имало промени во комунистичките режими. Како резултат, се појавува перцепцијата за Русија како стратешки важен партнер за иднината.

Младите во Црна Гора, како и нивните врсници од Србија, Унгарија и С. Македонија, честопати ја гледаат Русија како стратешки партнер, се вели во извештајот.

Според резултатите од ова истражување, Србите, од сите испитаници, најмалку веруваат дека постои закана од Русија – дури 91 процент, а кај Црногорците, 65 проценти не се плашат од Русија.

Повеќе од половина од граѓаните на Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Бугарија и Словачка веруваат дека Русија има најголема воена моќ во светот – посилна од Западот и САД.

70% од граѓаните на Србија, 60 од Црна Гора, 58 од Бугарија, 51 од Словачка и 48 од С. Македонија веруваат во Русија како главен антифашистички победник во Втората светска војна, која и денес, како што веруваат, продолжува да ја води борбата против фашизмот.

Слични содржини