Италија: Албански државјанин бара да биде во затвор за да избега од жена му

од Nikola Popovski

Маж кој е во домашен притвор во Италија се појавил во полициска станица, барајќи од властите да го стават во затвор бидејќи неговиот живот со сопругата дома му е неподнослив, соопшти денеска италијанската полиција.

Албанскиот државјанин (30) кој живее во Гвидонија Монтечелио, надвор од Рим, „повеќе не можел да го поднесе присилниот живот со сопругата“, се вели во соопштението на полицијата.

„Револтиран од ситуацијата, тој претпочита да избега од домашниот притвор и се обрати во полиција за да побара да ја издржи казната зад решетки“, се додава во соопштението.

Човекот бил во домашен притвор неколку месеци поради дрога, а му остануваат уште неколку години до отслужување на казната, истакна капетенот Фанческо Џакомо Феранте од карабинерите на Тиволи, пренесува Танјуг.

Слични содржини