Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги посети поплавените области

од desk4

 

Италијанската премиерка го прекина своето патување во Јапонија на самитот на Г7 за да ги посети областите погодени од поплавите во северна Италија, каде што илјадници луѓе се евакуирани од своите домови.

Џорџија Мелони ги посети градовите во регионот Емилија-Ромања, каде жестоките поплави однесоа 14 животи и предизвикаа штета која се проценува на милијарди евра.

Околу 36.000 луѓе беа евакуирани поради поплавите што предизвикаа излевање на реки низ градовите во екстремен настан што беше влошен од климатските промени, соопштија научниците.

Таа рече дека средбата со оние кои биле погодени од потопот било трогателно искуство.

„Тоа беше трагедија, но секогаш можеме силно да се опоравиме од кризи“, им рече Мелони на новинарите во градот Равена, една од областите кои беа тешко погодени.

Премиерката вети дека ќе го поддржи закрепнувањето, велејќи дека штетата била огромна, но дека е тешко да се предивиди колку ќе чии финансиското закрепнување од поплавите.

Италијанската влада утре,  (вторник) ќе одржи состанок на владата на кој ќе одлучи за мерките за одговор на вонредната состојба

Слични содржини