Италијански мафијаш фатен во Грција благодарение на неговата страст кон фудбалот

од Nikola Popovski
326 прегледи

Страста за овогодинешните фудбалски шампиони од Неапол го открила скривалиштето на долгогодишниот бегалец од Италија, кој бил фатен додека возел скутер на грчки остров, објави во саботата италијанската полиција, пренесуваат медиумите.

Полицијата со седиште во Неапол објави дека човекот кој се наоѓа на листата на 100 најопасни бегалци во Италија, бил забележан на фотографија од навивачи во ресторан на Крф, кои славеле откако фудбалскиот тим Наполи ја освои титулата шампион на Италија, пренесуваат агенциите.

Полицијата потоа се упатила на Крф да го следи бегалецот, кого го идентификувале како 60-годишниот Винченцо Ла Порта, кој бил во бегство 11 години.

Ла Порта е вмешан во криминални дела како што се злосторничко здружување, даночно затајување и измама, соопшти полицијата.

Тој сега се наоѓа во грчки затвор каде чека екстрадиција во Италија, каде треба да отслужи затворска казна од 14 години и четири месеци.

Полицијата соопшти дека ги следела онлајн активностите на Ла Порта, вклучително и финансиските движења, и чекале тој да направи погрешен потег што ќе го издаде.

„Беше предаден од страста за фудбалот и тимот на Наполи“, соопшти полицијата.

Инспекторите го забележале на фотографија од роденденска забава од ресторан, каде држел шал во небесно сините бои на тимот од неговиот роден град.

Слични содржини