Израел го блокирал конвојот храна за Газа на ОН 

Претходно на 20 февруари, агенцијата кажа дека ќе ја суспендира испораката на храна во областа затоа што последните конвои преживеале целосен хаос и насилство, вклучувајќи и насилни грабвежи. 

од Бети Божиноска

Светската програма за храна изјави дека нејзниот прв обид во последните две неделу да однесе храна во северниот дел на Газа бил блокиран од Израелските одбрамбени сили (ИДФ), пренесува Би-би-си. 

Од ОН велат дека конвојот со 14 камиони бил вратен по три часа чекање на контролната точка Вади Газа, а подоцна бил ограбен од толпа „очајни луѓе“. Од програмата истаклнуваат дека мора да се обезбеди пристапен пат до северот на Газа ако сакаат да го избегнат гладот. 

Блокадата доаѓа еден ден откако СЗО предупреди дека децата во северна Газа умираат од глад.  

Во изјавата од Светската програма за храна се вели дека напорите да се достави потребната храна во областа биле неуспешни: откако камионите биле вратени од контролната точка и пренасочени, подоцна биле пресретнати од толпа очајни луѓе кои одзеле речиси 200 тони храна од камионите. 

Претходно на 20 февруари, агенцијата кажа дека ќе ја суспендира испораката на храна во областа затоа што последните конвои преживеале целосен хаос и насилство, вклучувајќи и насилни грабвежи. 

Минатиот четврток, повеќе од 100 Палестинци беа убиени додека толпата народ итала да стигне до конвојот со храна опериран од приватни компании и придружуван од израелските сили западно од Газа Сити, кои отвориле оган врз толпата. 

Карл Скау, заменик-извршен директор на Светската проиграма за храна, изјави за „Анадолија“ дека опасноста од повторување на тој инцидент е дел од причините поради кои испораките на храна биле ставеји на стенд-бај пред две недели. 

„Сите не критикуваа што паузiраме, но го сторивме тоа зашто се плашевме од она што се случи,“ истакна тој. 

Слични содржини