Јанчева: Арсовска без медиуми го славеше Денот на пожарникарите, се плаши да не ја прашаат за бројните проблеми

од Nikola Popovski

Денеска е Денот на пожарникарството, а Град Скопје за првпат го одбележа без присуство на медиумите и затворен за јавност, информира Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје.

Според неа, очигледно дека градоначалничката Данела Арсовска не сака да се соочи со новинарите, па освен што не доаѓа на седници на Совет, освен што не одговора на прашања, сега почна да одржува и настани без да ги покани медиумите.

-Дали овој потег на Арсовска се должи на нејзиниот страв новинарите да не постават прашање зошто шест месеци бригадата за противпожарна заштита е оставена без договор за сервисирање на противпожарните возила? Дали тие возила ќе бидат функционални и безбедни во пресрет на сезоната на пожари?, прашува Јанчева.

Слични содржини