Јокиќ за инцидентот: Мислам дека не заслужив (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ проговори за инцидентот што се случи на крајот од натпреварот против Вашингтон Визардс.

Денвер Нагетс ги победија Визардс ноќта помеѓу понеделникот и вторникот, најмногу благодарение на одличниот Јокиќ.

Повремениот центар на српската репрезентација доминираше и беше блиску до „трипл-дабл“, но судиите спречија тоа да се случи.

Набргу по натпреварот стигна коментар од 26-годишниот центар.

„Што и да кажам сега, ништо нема да се промени. Ова е најдобрата лига во светот, со најдобрите играчи и веројатно најдобрите судии. Секој си ја врши работата на највисоко можно ниво. Искрено, мислам дека не го заслужив тоа, особено не исклучувањето. Само реков: „Мислев дека е фаул“. Затоа што мислев дека е фаул…“, изјави Јокиќ.

Ова беше негово седмо исклучување во кариерата, во сезона во која просечно бележи 26,5 поени, 13,5 скока и 7,2 асистенции.

„Мислам дека играм на ист начин како минатата сезона, мислам дека статистиката е горе-долу иста. Клучно е нашата игра да се движи без топка, а вечерва имаше добар проток на топката, сите имаа контакт, убаво е чувството да се игра така. На крајот направија серија, брзаа, но пресудно беше забивањето на Гордон“, подвлече Јокиќ.

Слични содржини