Kaјли Џенер мета на  опседнат обожавател

од Elena Daskalova

Најмладата милијардерка и реалити ѕвезда Кајли Џенер, мораше да побара забрана за пристап поради еден опседнат обожавател кој доаѓал кај нејзе дома и ѝ тропал на вратата.

Насилникот се искачил на ридот и влегол во имотот на Кајли кој е сместен во една затворена заедница, резиденцијално подрачје на богати станари. Успеал да дојде до вратата на нејзината куќа и почнал насилно да тропа. Никому не му е јасно како успеал да стаса до тука, бидејќи станува збор за приватна територија во која пристапот е физички и електронски контролиран.
– Сè уште сум под голем стрес и душевна болка. Имам мало дете и се плашам за нејзината  безбедност – рече Кајли.
Телохранителот на  Кајли веднаш реагирал и кога го видел непознатиот пред врата го фатил и изнесол од имотот, од каде го собрала полиција.
Инаку според американскиот „Форбс“  богатството на Кајли се проценува на речиси милијарда американски долари, а „Њујорк Пост“ ја прогласи за највлијателна славна личност во модната индустрија. Кајли кариерата ја започна како моделка, а денес е успешна бизнисменка. Кога имаше 15 години соработуваше со модната марка PacSun,  со својата сестра Кендал креираа облека “Кендал&Кајли“, а на свои 17 години го почна сопствениот бренд  Kylie Lip Kits кој подоцна го преименуваше во Kylie Cosmetic. Уште тогаш „Тајм“ ја стави на пописот највлијателни тинејџери на светот неведувајќи дека нејзиното влијание на  социјалните мрежи од година во година е сè поголемо.
Таа на Инсатграм има над 142 милиони обожаватели, а од еден спонзор за кого рекламира производи заработува по еден милион долари, што ја прави најплатена личност на оваа социјална мрежа.

Слични содржини