Како Кишида допатува во Киев? Неговата посета чувана во најстрога тајност

од Stefanija Kuzmanovska

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска пристигна во Киев, објави агенцијата „Кјодо“.

Кишида пристигна со воз од Полска. Според снимките прикажани на јапонската јавна телевизија, шефот на јапонската влада бил пречекан на железничката станица во Киев, посебно, од првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Емина Јапарова.

Се очекува премиерот на Јапонија да се сретне со претседателот на Украина Владимир Зеленски. Ова е прва посета на Кишида на Украина од почетокот на руската акција во Украина.

Тој беше последен од лидерите на земјите од Групата седум (Г7) кој се уште не бил во земјата во која се војува. Кишида е придружуван од секретарот на Советот за национална безбедност на Јапонија Такео Акиба и претставници од министерството за надворешни работи.

Посетата на Кишида беше подготвена во согласност со мерките за информациска безбедност. Токио, спротивно на прифатената процедура, не го најави патувањето.

Кишида пристигна во Полска со чартер лет од Индија, каде беше во официјална посета. Според официјалниот распоред, тој требаше да замине од Индија на 21 март во попладневните часови.

Слични содржини