Како последица од коронавирусот починаа уште 22 лица

од Nikola Popovski

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, како последица од Ковид-19 починале уште 22 лица.

Пријавени се 22 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 66г, 73г, 77г, 78г и 81г), 5 починати лица од Струмица (45г, 52г, 64г, 71г и 82г), по 2 починати лица од Прилеп (51г и 82г) и Струга (70г и 80г) и по едно починато лице од Тетово (54г), Гостивар (64г), Берово (72г), Кавадарци (54г), Куманово (46г), Крива Паланка (72г) и Дебар (65г).

Сите пријавени се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.059, бројката на оздравени пациенти е 163.417, на починати е 6.236, а бројот на активни случаи изнесува 13.406

Слични содржини