Како повторно да заспиете ако се разбудите среде ноќ

од Stefanija Kuzmanovska

Милиони луѓе ширум светот страдаат од лош сон. За среќа, постојат некои методи кои можат да ви помогнат доколку се разбудите среде ноќ и се вртите од една на друга страна додека се обидувате повторно да заспиете.

1. Не размислувајте за времето
Многу луѓе се будат среде ноќ затоа што се вознемирени за нешто, можеби поради настаните од претходниот ден. Не гледајте во вашиот часовник и не размислувајте на времето, бидејќи тоа само ќе ги намали шансите повторно да заспиете.

2. Отстранете ги сите извори на сина светлина
Мобилните телефони, таблетите и телевизорите испуштаат сина светлина што го отежнува исклучувањето на мозокот.

3. Опуштете ги мускулите и умот
Ова може да биде полесно да се каже отколку да се направи. Ако имате потешкотии да се опуштите, обидете се со техники за дишење или бројте наназад.

4. Станете, прошетајте и вратете се во кревет
Многу експерти за спиење ги советуваат луѓето да станат и да шетаат низ станот, доколку не успеат да заспијат 20 минути по будењето. Можете да направите нешто што ќе ве релаксира, да решите крстозбор, да прочитате книга или да слушате музика.

Слични содржини