Како Путин му помага на Лукашенко да го зацврсти режимот: Испратени луѓе од „РТ“ во белоруски државни медиуми?

од Vladimir Zorba

По неколку недели шпекулации, се чини дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да го зајакне режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко, пишува Инсајдер. Клучниот сигнал – Путин наводно испратил руски ресурси од „Раша Тудеј“ во Минск со цел „да ја зајакне контролата над државните медиуми“.

Во меѓувреме, Лукашенко продолжува да ги апси своите противници.

Една од лидерите на опозицијата, Марија Колесникова, наводно е приведена на 7 септември и така Лукашенко го „отстрани“ последниот голем кандидат на опозицијата. Таа беше последната од опозицијата што остана во Белорусија, а другите избегаа од земјата.

Апсењата се случија помалку од еден месец по изборите, што според многумина се нерегуларни. Иако официјалниот резултат го остави Лукашенко на власт, никој не верува дека резултатот е реален. Граѓаните со недели протестираат на улиците во Минск.

По бранот апсења на демонстранти и закани кон активисти, Колесникова беше фатена на границата со Украина во понеделникот вечерта. Нејзините двајца соработници заминаа во соседната земја, но сè уште не е познато каде е Колесникова. Се верува дека е уапсена.

Нејзиното исчезнување се случи само два дена откако повеќе од 100.000 луѓе протестираа на улиците на Белорусија против владата на Лукашенко.

Сега, европските разузнавачки служби наведуваат дека Лукашенко очигледно е под заштита на Путин. Ова е важно затоа што со недели се чинеше дека рускиот лидер е незаинтересиран за судбината на Лукашенко.

– Путин одлучи целосно да го поддржи Лукашенко и да го спречи неговиот пад. Која е неговата крајна цел останува нејасно – изјави неименуван претставник на НАТО од Балтикот.

Во интервју за Маргарита Симоњан, главен уредник на РТ, Лукашенко зборуваше директно во вторникот за поддршката на Путин. Тој особено и се заблагодари што испрати техничари и персонал да и помогнат на државната телевизија на Белорусија. Според Инсајдер, на таа телевизија има гласини за бројни отпуштања затоа што новинарите бараат ослободување на нивните колеги.

„Москва Тајмс“ во понеделникот објави дека работниците во РТ замениле голем број медиумски работници во Белорусија кои штрајкувале. Околу 300 од нив или штрајкуваат или се отпуштени.

– Видовме неколку авиони поврзани со ФСБ како летаат со луѓе и опрема и ги таргетираат лидерите на опозицијата. Ова е прва фаза на поддршка на сојузниците на диктаторот. Зајакнете ја контролата над државните медиуми, а потоа засилете го собирањето разузнавачки информации за тоа кој ви се спротивставува. Путин знае дека не можете да апсите 100.000 луѓе на демонстрации, но тој е убеден дека ако ги уапсите вистинските 500, другите 100.000 нема да се појават – изјави претставникот од Балтикот.

Слични содржини