Какво влијание има хлорот од базенот врз нашето тело?

од Stefanija Kuzmanovska

Иако е една од омилените активности во летниот период, пливањето во базен може да има последици по вашето тело.

Познато е дека хлорираната вода ги убива микробите во базенот, обезбедува подобра хигиена и штити од можни инфекции, но сепак хемиското средство за дезинфекција може да предизвика одредени несакани ефекти, пишува aktivni.si.

Сува и иритирана кожа

Сувата кожа често може да биде последица од присуството на хлор и други хемикалии во водата. Засега не се познати случаи на алергија на хлор, но сепак кожата може да биде исклучително чувствителна, што доведува до реакции како што се:

– сува кожа

– чешање

– црвенило

– акни

– осип

Ако вашата кожа е чувствителна и проблематична, важно е да го напуштите базенот и да внимавате доколку забележите некакви промени.

Сува коса

Освен што е штетен за кожата, хлорот не е погоден ниту за косата. Хлорираната вода ги отстранува маслата кои го штитат скалпот, што може да ја направи вашата коса сува и склона кон кршење.

Исто така, хлорот ги разградува протеините во косата, поради што косата полесно се крши. Покрај тоа, оваа хемикалија може да ја осветли и бојата на косата.

Проблем со дишењето

Хлорот што се ослободува во воздухот може да биде штетен за респираторниот систем. Високата концентрација на хлор во базените и непроветрените затворени простории може да доведе до проблеми како што се:

– кашлица

– напад на астма

– течење на носот

– иритација на очите

Хлорот во комбинација со други хемикалии може да предизвика чешање, црвенило, суви очи, насолзени очи и проблеми со видот.

Проблеми најчесто се јавуваат кај луѓе кои редовно пливаат во базен со хлорирана вода. Затоа е важно да обрнете внимание на несаканите ефекти и да реагирате на промените, пренесува City Magazine.

Слични содржини