Калфин: Не можевме да им објасниме на европските партнери што точно сакаме од С.Македонија

од Vladimir Zorba

Поранешниот министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер на Бугарија, Ивајло Калфин е изненаден што неговата земјата очекува Северна Македонија да се однесува поинаку. Во програмата „Лице в лице“ на бТВ, политичарот од АБВ изјави дека и ние и Република Северна Македонија сме изложени на ризик „да се лизнеме по линијата на пропаганда и идеологија, која долго време владеела водвете земји“

„За нас, природно, нашата историја е важна и нашиот јазик е важен. Јас очекувам од властите да ги заштитат. Овој аргумент сепак е неразбирлив за нашите европски партнери. Тоа не се официјално аргументи и критериуми за започнување преговори и членство во ЕУ. Дури е експлицитно кажано во ЕК дека билатералните прашања се решаваат надвор од преговорите“, коментира Калфин.

Тој посочи дека со ветото се постигнуваат две работи – прво се изолираме во ЕУ, и второ не ја запираме само Македонија, но и Албанија.

Според него, земјата нема да отстапи од своите барања до Република Северна Македонија.

„Не верувам, уште повеќе што македонскиот премиер изјави дека не очекува преговорите дапочнат до крајот на годинава. Ги премести за по изборите во Бугарија. Очигледно веќе зборувал со Борисов. Откако од Скопје излезе таа информација, очигледно ја чул од Бугарија“, вели Калфин.

На прашањето дали е можно нашата земја да ја смени својата позиција, Калфин коментира дека очигледно ќе ја чекаме Република Северна Македонија да се однесува на друг начин.
„Барем така дознав од бугарските претставници, кога, за мене, изненадувачки ја блокиравме одлуката за почетокот на ноември“, вели тој.

Според него, ова е изненадувачки, бидејќи пред еден месец Министерството за надворешни работи подготви меморандум со кој ги информирало европските земји какви се проблемите со РСМ.

„Не можевме точно да објасниме што сакаме“, додаде Иваило Калфин.

Слични содржини