Капиталот „победи“ наспроти трудот на глобално ниво

од desk2

Распределбата на богатството во богатите земји помеѓу 1994-та година и 2015-та година, со исклучок на Велика Британија и Франција, беше повеќе во корист на капиталот на сметка на трудот, покажа истражувањето на француската влада.

Ова се објаснува од една страна со „зголемувањето на интензитетот на капиталот (техничкиот прогрес, автоматизацијата), а од друга страна – со умереното зголемување на реалните плати“, се вели во документот на главна дирекција за финансии во француското министерство за економија.

Утврденото движење е дијаметрално спротивно во Франција, каде што процентот на додадена вредност на трудот расте со 0,6 процентни поени за 21 година, и во Германија, каде што е намален за 2,9 процентни поени. Напротив – уделот кој паѓа на капиталот забележа зголемување од 1,6 процентни поени во Германија и пад од 0,4 процентни поени во Франција.

Велика Британија исто така прави исклучок, со пораст од 4,6 процентни поени удел, кој се однесува на трудот, наспроти падот од 5,8 поени во делот на капиталот. Авторите на студијата го објаснуваат тоа со слабата невработеност и тензиите на пазарот на труд, кои дозволиле покачување на платите. Уделот на фискалната сфера е зголемен за 1,2 процентни поени во Обединетото Кралство.

Во САД уделот на капиталот се зголеми за 6,4 процентни поени, а на платите се намалил за 2,7 процентни поени, а разликата од 3,7 поени се должи на даночните олеснувања./Denar

Слични содржини