Карлос Саинц пред заминување од Ферари

од Симе Стоиков

Возбудливо е во светот на Формула 1. Новата сезона започна, но многу се зборува за потенцијални трансфери, а во медиумите има различни шпекулации кои секако предизвикуваат големо внимание.

Веќе е познато дека Луис Хамилтон ќе вози за Ферари од 2025 година и дека го напушта тимот на Мерцедес, што изненади многумина. Во Мерцедес бараат замена, а медиумите блиски до Формула 1 јавуваат дека може да има само замена на возачот.

Имено, Хамилтон би заминал во Ферари, а шпанскиот возач Карлос Саинц од Ферари во Мерцедес.

Дека ова не е само претпоставка, говори и пишувањето на угледниот Кориеро дело Спорт, кој ја лансираше информацијата дека Карлос Саинц веќе ги одржал првите разговори со челниците на Мерцедес.

Во Мерцедес потајно го сакаат Макс Верстапен во своите редови, но тоа сега е друга приказна и донекаде нереална.

Од друга страна, доаѓањето на Саинц не е нереална опција, а двата жестоки ривали Ферари и Мерцедес само би ги смениле возачите.

Од друга страна се уште не е сигурно и кој ќе биде вториот возач на Мерцедес од 2025 година бидејќи Џорџ Расел има одредени понуди и од други тимови, па на тој план се е отворено.

Слични содржини