Моделот Victoria’s Secret, Адријана Лима, постави нов стандард за соголување. 36-годишната Бразилка откри дека нема да ја симне облеката без за тоа да има сериозна причина. Нејзиното признание доаѓа неколку недели откако таа продефилира во долна облека и тоа по 18-ти пат за модниата куќа, чиио серија голи фотосесии сепојавија во разни списанија.
Која е причината за промената во размислувањето на Лима?
“Неодамна добив телефонски повик со предлог да снимам секси видео за да се емитува на социјалните медиуми. Иако сум правела куп такви видеа, нешто се промени во мене и тоа кога една пријателка ми изјави дека е несреќна од начинот на кој нејзиното телоо изгледа. Тоа ме натера да мислам дека секој ден кога станувам, се прашувам: Како изгледам? Дали ќе бидам добро прифатена на работа? И тогаш ми светна дека поголемиот дел од жените најверојатно се будат со мисли како да се вклопат во еден социјален / модерен стереотип … Си помислив дека човек не треба да живее така и не е добро за здравјето – ниту физички, ниту психички. Затоа решив да направам промена. Јас нема да ја симнам облеката освен ако затоа не е добра причина! ”
Лима одлуката ја постави на профилот:
“Мојата професија има голем притисок врз начинот на кој изгледам. Размислував како можеме да носиме таков товар. Уморна сум што сум ставена во позиција да живеам во свет со такви површни вредности. Не е фер да се однесуваме, да погледнеме на одреден начин. Сакам да го променам тоа во името на баба ми, мајка ми и сите нејзини претходници, на кои се поставувале етикета кои биле притискната и останале неразбрани. И со која мораат да живејат во општеството. Ќе ја направам оваа промена. Ќе почнам со себе “, напиша на Инстаграм Лима.
Иако мислата е искрена и благородни, зборовите беа примени со скептицизам, бидејќи неодамна убавицата изјави за People дека планира да биде лице на Victoria’s Secret уште најмалку 2 години, додека не гинаполни јубилејните 20 години како модел на брендот.