Кејт Винслет сруши рекорд додека го снимаше Аватар: Триесет секунди подолго од Том Круз

од Stefanija Kuzmanovska

Изгледа дека Том Круз повеќе не е „главниот фраер“ на големиот екран кога станува збор за акциони трикови. Холивудскиот актер, кој никогаш не ги користи услугите на каскадер кога снима акробации, го надмина неговата колешка, оскаровката Кејт Винслет.

За време на снимањето на продолжението на „Аватар“, Кејт останала под вода седум минути, триесет секунди подолго отколку што успеала акционата ѕвезда Том Круз за време на снимањето на „Невозможна мисија“.

Том досега се гордееше со рекордот за задржување на здивот под вода шест и пол минути, што го постигна на сетот на франшизата „Невозможна мисија“, но ѕвездата од продолжението на хитот „Аватар“, успеа да го надмине. Во продолжението на научно-фантастичниот филм на Џејмс Камерон, таа го толкува ликот Ронал.

„Додека бев во вода, замислував дека секој задржан момент е еден вид шипка подигната малку повисоко од претходниот. Ги броев во мислите, внимавајќи да не претерувам бидејќи морав да внимавам“, рече таа неодамна на Entertainment Tonight.

Секако, поради напорниот процес на задржување на здивот, таа помина обука на снимањето, а покрај неа беше тим подготвен да ургира доколку нешто тргне наопаку.

Кога во телевизиската емисија ја прашале што ја натерало да се реши да го постигне неверојатниот подвиг, таа рече дека се е во нашите глави. Научила да го смирува умот во моменти кога нејзиното тело се борела за здив и успеала.

Слични содржини