Ќе почекаме на вакцина: СЗО соопшти нови информации

од Aleksandar Petrovski

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за вонредни ситуации, Мајкл Рајан, изјави денеска дека почетокот на вакцинацијата против вирусот корона не може да се очекува пред првата половина на 2021 година.

Рајан рече дека истражувачите напредуваат во развојот на вакцината против коронавирусот и додаде дека неколку од нив се во доцната фаза на клиничкото испитување, пренесува Ројтерс.

„Реално е дека вакцинацијата на луѓе нема да започне пред првата половина на следната година“, рече Рајан.

Тој изјави дека СЗО работи на обезбедување фер снабдување со вакцини и додаде дека во меѓувреме, клучно е да се потисне ширењето на вирусот.

Коронавирусната инфекција е потврдена ширум светот кај повеќе од 15,2 милиони луѓе, од кои повеќе од 623.000 умреле.

Бројот на нови случаи на инфекција во еден ден деновиве достигнува скоро рекордни нивоа ширум светот.

Слични содржини