Киев: Успеавме да го протераме непријателот од уште 20 населби

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот Генералштаб денеска на Фејсбук објави дека украинската армија во претходните 24 часа успеала да го протера непријателот од повеќе од 20 населени места.

Непријателот се фокусира на воспоставување контрола врз територијата на регионот Доњецк и попречување на нападите на украинските војници во одредени области, објави „Укринформ“.

„Непријателот продолжи да ги напаѓа украинските позиции од воздух и презема мерки за враќање на изгубеното“, соопшти украинскиот Генералштаб.

Слични содржини